Повикувајќи се на податоците на агенцијата за истражување на пазарот „Емпирика“, DGB наведува дека просечната цена за изнајмување по квадратен метар од почетокот на 2016 година до почетокот на оваа година во Берлин скокнала од 8,93 евра на 15,8, односно за 76,9 проценти.
Во Хамбург, вториот по големина германски град, цената скокна за 52,2 проценти, на 16,18 евра за квадратен метар, а во Минхен за 51,6 проценти, на 23,26 евра.
Најостр раст доживеале закупците во северните градови, вклучувајќи го Росток, каде што киријата по квадратен метар скокнала за 83 проценти, на просечна цена од 11 евра, и Либек, со зголемување од 71,3 проценти на 12,52 евра.
Потпретседателот на DGB, Стефан Керцел, ја повика владата да преземе построги мерки, вклучително и поголеми инвестиции во социјално и јавно домување, како и построги регулативи против неразумно високите кирии.
Во исто време, тој ја обвини владата на канцеларот Фридрих Мерц дека планира намалување на надоместоците за домување.
„Уште еднаш, секирата се влече врз најслабите, наместо конечно дел од одговорноста да се префрли на богатите и наследниците“, изјави тој за ДПА.




