Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за грант средства од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Вкупната инвестиција се проценува на повеќе од 200 милиони евра.
Договорот ќе се потпише меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и ЕБОР.

Според актуелниот градоначалник на Чаир и еден од предводниците на ВЛЕН, коалициски партнер во Владата, Изет Меџити, станува збор за важен чекор во развојот на патната инфраструктура, зајакнувањето на економската соработка и олеснувањето на комуникацијата со Косово.
– Патот Скопје–Блаце повеќе не е ветување. Тој е проект што добива своја реализација. Со години се зборуваше, а ние избравме да дејствуваме. Резултатите немаат потреба од големи зборови – тие зборуваат сами за себе, изјави Меџити.




