дома Македонија Економија Заврши годишното оданочување на граѓаните, пријавени 612 милијарди денари

Заврши годишното оданочување на граѓаните, пријавени 612 милијарди денари

Заврши годишното оданочување на граѓаните, а според податоците на Управата за јавни приходи пријавени се значително поголеми приходи во 2025 година во однос на 2024 година.
Вкупниот пријавен доход на годишните даночни пријави изнесува 612,1 милијарди денари и е зголемен за 74,1 милијарда денари, а вкупниот пресметаниот данок на личен доход достигнал 39,8 милијарди денари и е зголемен за 4,86 милијарди денари.


Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање.
За таа цел, УЈП ги повикува сите физички лица кои сè уште немаат кориснички профил на е-Даночни услуги, веднаш да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk.
Од вкупно 704.443 ГДП пријави, 26.653 пријави се потврдени лично од даночните обврзници, а 1.145 пријави се коригирани од нивна страна, по кои корекции службени лица во УЈП тековно одлучуваат. Останатите 676.645 пријави се потврдени службено од страна на УЈП.

ПредходнаЗа опозицијата, реконструкцијата на Владата е политичка, а не кадровска