дома Македонија Угостителски објект од Охрид заработи кривична, точел алкохол на малолетник

Угостителски објект од Охрид заработи кривична, точел алкохол на малолетник

Во угостителски објект во Охрид на 14-годишен малолетник му точеле алхокол по што малолетникот паднал во бесознание и бил пренесен во болница.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против угостителскиот објект и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.

– При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста, информира МВР во полицискиот билтен.

ПредходнаДо крајот на неделава техничка вода, до следната вода за пиење во Гостивар, ветува Мицкоски
СледнаШефот на „Емирати“: Нема да ви ги платиме 10те „Боинга“. Нека ги претворат во конзерви од грав