дома Македонија Економија Нов удар по џебот на граѓаните – поскапо парно од 1 август

Нов удар по џебот на граѓаните – поскапо парно од 1 август

Регулаторната комисија за енергетика денеска со двојна честитка до граѓаните – поскапуваат горивата, а од 1 август жителите на Скопје ќе плаќаат и поскапо парно.
Најпогодени ќе бидат корисниците на парно кои се приклучени на мрежата на ЕСМ Снабдување, кои се и најбројни. Тие ќе плаќаат поскапо парно за 5,96 проценти, додека за корисниците на ЕСМ Енергетика парното поскапува за 5,18 проценти.
Најмало поскапување ќе имаат корисниците на Енерго Еколог или поранешно Скопје Север. За нив парното ќе поскапи за 3,65 проценти.
Од РКЕ велат дека според направените пресметки, за просечен стан од 60 квадрати поскапувањето ќе биде 140 денари.

ПредходнаЧетврток и петок ќе се прска против комарци
СледнаСДСМ бара да се објават јавно резултатите за водата во Гостивар