дома Македонија Политика СДСМ: Клековски сега признава појава на жолтица – токму она што Филипче...

СДСМ: Клековски сега признава појава на жолтица – токму она што Филипче го предупреди минатата недела

Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече, стои во соопштението на СДСМ.Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо. Сега признава појава на жолтица.

Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела – дека ќе се случи и дека тие не знаат да управуваат со криза. Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација.

Прво ја доведоа до оваа точка. отоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени. Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар.

Кај нив гласовите секогаш се поважни од животот и здравјето на луѓето. Тоа е организираната криминална група која мисли само на своите тендери, а не на граѓаните. Тоа се тие прочуени тендер-патриоти.

СДСМ

ПредходнаПРВИ ФОТОГРАФИИ: Уапсен атентаторот од Македонија Андреј Танасковски
Следна„Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување“, вели Штерјова