Вонреден инспекциски надзор ќе биде спроведен во трите здравствени установи каде се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од селото Баница која по царски рез остана парализирана.
Министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за „Слободен печат“ најавува дека ќе нареди да се спроведе и стручен надзор, односно експерти од областа на гинекологијата, неврологијата и урологијата ќе утврдуваат дали нивните колеги направиле грешка при царскиот рез од кои е настаната ваква тешка компликација
– Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот, соопшти денеска Министерството за здравство.
Михајлова, како што објави „Слободен печат“ била породена со царски рез во Штипската клиничка болница по што има параплегија – не може да оди и е во инвалидска количка




