дома Македонија Хиперхлорирањето го прават експерти, тврди Мицкоски

Хиперхлорирањето го прават експерти, тврди Мицкоски

Премиерот очекува проширување на истрагата со загадената вода во Гостивар. Тој во изјава дадена денеска во Дебар рече дека многу скоро очекува Гостивар да добие и чиста вода за пиење.
     Тврди дека хиперхлорирањето го вршат стручни лица од Водовод и канализација по предупредувањата од лидерот на СДСМ Венко Филипче дека хиперхлорирањето го вршат нестручни луѓе и дека тоа може да предизвика малигни заболувања.
Обвини дека во минатото ниту една институција не постапила во однос на добиените резултати од анализите за водата.
– Во Собранието покажавме документи од минатото кога ниту Министерството за здравство во Владата на СДСМ и ДУИ, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство, ниту било која институција постапувала по информациите коишто се добиени како резултат на мерењата каде што во стотици и илјадници случаи во речиси сите мерни места во неколку општини е констатирано дека параметрите и микробиолошки, но и според квалитетот на водата, не соодветствуваат на законски дозволените норми. И никој ништо не превземал, туку оставиле буквално луѓето да го консумираат тоа и да има последици во процесот на консумирање, изјави Мицкоски.

ПредходнаОстанала парализирана по царски рез, здравство најавува вонреден надзор
СледнаНема нови случаи на западно-нилска треска, се чекаат резултатите од тројца пациенти