дома Македонија Останала парализирана по царски рез, здравство најавува вонреден надзор

Останала парализирана по царски рез, здравство најавува вонреден надзор

Вонреден инспекциски надзор ќе биде спроведен во трите здравствени установи каде се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од селото Баница која по царски рез остана парализирана.
Министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за „Слободен печат“ најавува дека ќе нареди да се спроведе и стручен надзор, односно експерти од областа на гинекологијата, неврологијата и урологијата ќе утврдуваат дали нивните колеги направиле грешка при царскиот рез од кои е настаната ваква тешка компликација
– Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот, соопшти денеска Министерството за здравство.
Михајлова, како што објави „Слободен печат“ била породена со царски рез во Штипската клиничка болница по што има параплегија – не може да оди и е во инвалидска количка

ПредходнаСообраќајка кај селото Другово на патот Кичево – Скопје
СледнаХиперхлорирањето го прават експерти, тврди Мицкоски