Продолжениот викенд и летните одмори предизвикаа зголемена фреквенција на возила на патиштата, но и опасност од сообраќајни незгоди. Министерството за внатрешни работи регистрира две сообраќајни незгоди со повредени лица на автопатите низ државата. Едната се случила во близина на граничниот премин Богородица, а другата на автопатот „Мајка Тереза“ во близина на наплатната рампа Глумово. Двете сообраќајки се случиле вчера.
Во првата сообраќајка во близина на граничниот премин Богородица се судриле мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.З.(57) од Скопје, патничко возило „пасат“ со српски регистарски ознаки, управувано од С.М.(44) од Србија и патничко возило „шкода октавија“, управувано од А.Д.К.(43) од Романија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Во втората сообраќајка кај наплатната рампа Глумово во правец кон Скопје се судриле
патничко возило и два мотоцикли. Тројцата возачи се повредени и пренесени во Клиничкиот центар Тетово и во Наум Охридски во Скопје.
– На 01.08.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на наплатна рампа Глумово, во правец кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(35) од с.Порој, тетовско, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(45) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(43) од Скопје, информира МВР.
–




