дома Свет Голем шумски пожар во јужна Холандија: Во прекин железничкиот сообраќај, евакуран камп

Голем шумски пожар во јужна Холандија: Во прекин железничкиот сообраќај, евакуран камп

Голем шумски пожар избувна денеска во јужна Холандија, поради што е прекинат железничкиот сообраќај помеѓу местата Најмеген и Венрај и беа евакурани туристите во блискиот камп.

Како што јави холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС, пожарот избувна околу 11:45 часот во областа Росмолен, во холандската покраина Лимбург. Противпожарната службата соопшти дека пожарот е од „големи размери“ и дека сè уште се шири поради силниот ветер.

Пожарот се шири низ врвовите на дрвјата, што му овозможува брзо да напредува. На местото на настанот се наоѓаат противпожарни единици од неколку холандски покраини и региони, бидејќи се очекува долгорочна интервенција поради големата големина на пожарот. Во гаснењето на пожарот е вклучен и воен противпожарен хеликоптер.

Поради опасноста од ширење на пожарот, наредена е евакуација на блискиот камп, по што гостите се привремено сместени во хотел во областа.

Според проценките на властите, железничкиот сообраќај помеѓу Најмеген и Венрај ќе биде суспендиран најмалку до 18:00 часот вечерва.

ПредходнаТретата најмала земја во светот го промени името во Наоеро
Следна(ВИДЕО) Пожарот во кавадаречко се шири со голема брзина, активирани ер трактори и хеликоптери