Од утре Струмица ќе пулсира во ритамот на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“. Отворањето е закажано за 20:30 часот кога на годинашната лауреатка Синоличка Трпкова ќе и биде врачена наградата „Астер“.
На првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.
Фестивалот продолжуваво среда со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса, а вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.
Фестивалот ќе трае до сабота, а влезот за сите проекции е слободен.
Меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.




