Нов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во тек се лабораториските испитувања.

Заклучно со 30 јули, во Македонија се регистрирани вкупно 13 случаи на западнонилска треска од кои 10 пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Тројца се во критична состојба. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и најголем дел не патувале надвор од државата.




