дома Магазин Шампионската журка на Торес и Љоренте го запали онлајн просторот

Шампионската журка на Торес и Љоренте го запали онлајн просторот

Освојувањето на Светско првенство претставува врв на славата за повеќето спортисти, но прославата на титулата на неодамна завршениот Мундијал ги претвори шпанските фудбалери Феран Торес и Маркос Љоренте во вистински вирални сензации.

Фотографиите на Торес и Љоренте од прославата на титулата на луксузна јахта на Ибица во текот на изминатиот викенд станаа вирални брзо ширејќи се низ сите социјални мрежи, а веќе почнаа да прават споредби со филмот „Жестоко ривалство“.

Една од виралните фотографии, кои веќе собра милиони прегледи, го покажува Торес како разиграно го бакнува Љоренте во образот, додека двајцата фудбалери се мокри само во слип костими за капење. На втората фотографија Торес го прегрнува Љоренте одзади.

you couldnt do a heated rivalry for soccer bc if you hooked up with another player in public everybody would just chalk it up to you being european https://t.co/QoDNQtsO6o

Фотографиите предизвикаа проивречни реакции. Според едни, тие прикажуваат „како братски однос прераснува во романса“, а според други, „тие се само Европејци, кои имаат различни стандарди за машко пријателство од оние на кои се навикнати Американците“.

Еден интернет корисник целиот настан ги нарече „Фудбалско издание на „Жестоко ривалство“, друг се пошегуваа дека изгледаат како „да се пар“, а трет праша „Дали се венчаа?“

Торес раскина со својата девојка Мартина Хантер Алгуеро пред победата на Шпанија против Белгија во четвртфиналето на Светското првенство, а Љоренте е во брак со фитнес инфлуенсерката Патриша Ноарбе, со која има ќерка.

Инаку, Торес го постигна победничкиот гол против Аргентина во финалето на Светското првенство.

ПредходнаРКЕ одлучи – поевтин бензин, поскап дизел
СледнаНе стивнува западнонилската треска, нов сомнителен случај