
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во првата половина од годинава оствари загуба пред исплата на камати и оданочување од 229 милиони евра, додека нето загубата достигна 542 милиони евра.
Во истиот период лани германскиот авиопревозник оствари добивка пред исплата на камати и оданочување од 149 милиони евра и е нето добивка од 127 милиони евра.
Според компанијата, ваквите деловни резултати се пи поскап од минатата година и чинеше во просек 1.133,9 долари по тон.
Менаџментот на „Луфтханза“ ја намали својата прогноза за прилагодена оперативна добивка за целат2026 година во опсег од 1,7 милијарди до 2,2 милијарди евра, наведувајќи ја како причина зголемената неизвесност поради високата нестабилност на цените на керозинот. Досега, компанијата предвидуваше значително надминување на минатогодишната добивка што изнесуваше 1,96 милијарди евра.
Трошоците за гориво за оваа година сега се предвидени на 8,66 милијарди евра оваа година, што е за околу три проценти помалку во однос на претходните прогнози.
Компанијата соопшти и дека веќе обезбедиле 86 проценти од потребите за гориво преку договори со кои се заштитени од ненадејни промени на цените.




