Високите летни температури во вечерните часови честопати не ни дозволуваат да се наспиеме убаво. Првото решение секако се клима уредите или вентилаторите, но постои уште еден поедноставен начин кој го препорачуваат експертите.
Станува збор за нешто што го има во секое домаќинство – влажен пешкир или чаршав закачен на отворен прозорец.

Како функционира?
Трикот се состои во испарувањето. Додека водата од пешкирот испарува, таа ја користи топлината од околниот воздух, па воздухот кој поминува низ ткаенината на пешкирот и влегува во просторијата е попријатен.
Пешкирот се потопува во ладна вода и се исцедува. Треба да остане влажен, но не до степен да течат капки од него бидејќи премногу натопена ткаенина ја отежнува циклулацијата на воздухот и дополнително ќе ја зголеми влажноста во просторијата.




