дома Македонија Политика ВМРО-ДПМНЕ; Зошто Филипче не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер“

ВМРО-ДПМНЕ; Зошто Филипче не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер“

„Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да објасни зошто, според партијата, не реагирал на проблемите со водата за пиење во Гостивар додека ја извршувал функцијата министер за здравство.

Од владејачката партија тврдат дека постојат официјални документи од периодот кога Филипче бил министер, во кои, како што наведуваат, биле евидентирани сериозни отстапувања во квалитетот на водата за пиење во Гостивар.

Во соопштението се посочуваат повеќе микробиолошки анализи од 2020, 2021, 2022 и 2023 година, во кои, според ВМРО-ДПМНЕ, било констатирано присуство на колиформни бактерии, зголемен број аеробни мезофилни бактерии и други отстапувања поради кои водата не ги исполнувала законските стандарди за безбедност.

Од партијата оценуваат дека тогашната власт предводена од СДСМ не презела соодветни мерки, а ја обвинуваат и актуелната опозиција дека случајот го користи за политички поени. Воедно, тие забележуваат дека СДСМ не бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во моментов се спроведува официјална истрага за утврдување на сите околности поврзани со случајот, дека дел од осомничените веќе се лишени од слобода и дека надлежните институции продолжуваат со прибирање на доказите, по што јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите од постапката. објави Скопје1.мк

ПредходнаГенерацијата Z го оживува трендот од почетокот на 2000-тите, го враќа омилениот предмет во мода
СледнаПожарникарите цела ноќ се бореа со огнот кај Кавадарци – Повеќе екипи на два правци го гаснат огнот