Седум нови случаи со западно-нилска треска се регистрирани во текот на неделава. Сите се од Скопје поточно по два случаи се од Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.
Новозаболените се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.
– На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани, информира Министерството за здравство.
Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на западно-нилска треска, а првиот случај беше регистриран на 15 мај




