дома Македонија Се помалку првачиња, а партиите се надмудруваат кој е крив

Се помалку првачиња, а партиите се надмудруваат кој е крив

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

        По информациите од Министерството за образование дека во септември ќе се запишат помалку 4.900 првачиња, јавноста денеска е сведок на нови меѓупартиски препукувања. Па така откако лидерот на Левица Димитар Апасиев напиша – Опиши ги успешните политики на ДПМНЕ во една реченица… – “Во Македонија, за една година вмроидна власт, имаме 5.000 првачиња помалце”, веднаш му врати Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Абе нека му каже некој да не се бламира вака јавно! Денешните првачиња се деца родени во 2020 година, а не лани. Тогашната власт на СДС, која тие со „Шарената“ ја донесоа на власт, направи пустош во државата, уништувајќи ги условите младите да остануваат, да формираат семејства и да имаат деца. Демографијата не се менува за една година, туку е резултат на политики и состојби создадени со години наназад, стои во објавата на Петрушевски.

ПредходнаЗошто официјалната температура на воздухот се разликува од онаа што ја покажуваат домашните термометари
СледнаСАД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината