дома Локално Драчевци во сообраќен хаос – сега ќе се прави и мостот кај...

Драчевци во сообраќен хаос – сега ќе се прави и мостот кај Маркова Река

Град Скопје соопшти дека почнува реконструкцијата на главниот мост на Маркова река во Драчево и дека можно е сообраќајот во овој дел да биде отежнат.
– Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, како Град Скопје, ве замолуваме за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста за сите граѓани, велат од Град Скопје, без да прецизираат колку време ќе траат активностите.

Ова дополнително ќе создаде главоболки за жителите на Драчево кои речиси цело лето се соочуваат со сообраќаен метеж поради реконструкција на дел од булеварот Борис Трајковски кој води кон мостот на Маркова Река.

ПредходнаАвтор на книга за смртта на Тупак се соочува со обвинение за убиство и доживотен затвор