дома Свет Трамп: САД имаат контрола врз Ормуц, ако Иран преземе нешто ќе биде...

Трамп: САД имаат контрола врз Ормуц, ако Иран преземе нешто ќе биде кренат во воздух

САД сè уште имаат контрола врз Ормуцкиот теснец, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако Иран се обиде да ја промени таквата ситуација „ќе биде кренат во воздух“.

„Тие немаат контрола. Ние имаме целосна контрола. Ние го поседуваме (Теснецот) и во одреден момент, можеби ќе направат нешто, а потоа ќе бидат кренати во воздух. Во моментов сме во многу добра позиција, истакна Трамп.

Тој претходно изјави дека Ормуц е отворен за сообраќај, тврдејќи дека американската Воена морнарица го пребарала Теснецот во потрага по мини и дека има контролира врз него.

Меѓутоа, медиумските извештаи од теренот не ја потврдуваат ваквата изјава на Трамп.

Според дипломатски извори, Вашингтон и Техеран сè уште не постигнале договор за повторно отворање на Теснецот, кој е клучен коридор за транспорт на нафта и гас од земјите од Персискиот Залив.

Во понеделникот, Трамп постави нов услов во разговорите, барајќи компензација од Иран за загубите од изминатите недели.

ПредходнаПовеќе лица повикани на информативен разговор за водата во Скопје