дома Македонија Мицкоски ја обвини опозицијата за пораките со водата во Скопје, гледа и...

Мицкоски ја обвини опозицијата за пораките со водата во Скопје, гледа и комерцијални обиди

Премиерот Христијан Мицкоски го впери прстот кон опозициските партии кои според него стојат зад пораките што беа пуштени по социјалните мрежи дека е загадена водата во Скопје. Но, исто така гледа и комерцијални обиди во празнењето на флашираната вода од маркетите.
            Се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните. Но, она што мене ме загрижува е што мислам дека тука има и други, повеќе комерцијални обиди бидејќи во еден ден наеднаш голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви и количини на пакувана вода, изјави денеска Мицкоски.
Рече дека повеќе од десет лица се повикани на разговор во полиција.
Не сакаше да одговори кои опозициски партии стојат зад обидот да се создаде хистерија кај народот со пораките на социјалните мрежи и ги упати новинарите кон МВР.
– Лицата се повикани и оттука натаму би ве упатил на МВР за сите детали, рече Мицкоски.
На обвинувањата на опозицијата дека тој и министерот за здравство се виновни за водата во Гостивар, рече дека со водата во овој град управува јавно претпријатие чиј директор го поставува градоначалникот кој бил поддржан од СДСМ.

ПредходнаПриведен тетовец, им се заканувал на сопругата и ќеркичката дека ќе ги запали
СледнаИзбор за најгрдо куче на светот: Шампион мопсот Џини Лу (ВИДЕО)