дома Македонија Приведен жител на Бучим, во возилото пронајдени 14.440 евра

Приведен жител на Бучим, во возилото пронајдени 14.440 евра

Кај 35-годишен жител на селото Бучим кој имал изречено мерки на претпазливост биле пронајдени 14.400 евра. Лицето е приведено откако бил сопрен од полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата со Неготино.

               – На крстосницата за село Бучим, полициските службеници го запреле возилото, при што при извршен преглед биле пронајдени 14.440 евра во различни апоени, за кои М.В. не приложил доказ за нивното потекло, информира денеска МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а во петокот бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

Од страна на ОВР Радовиш, по насоки на јавен обвинител, се преземаат дополнителни мерки и активности за утврдување на сите факти и околности и обезбедување докази во врска со сомнението за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик

ПредходнаПриведени две лица за предизвикување пожар
СледнаНајмалку 38 загинати во земјотресот во Индонезија (ВИДЕО)