дома Култура Италијанската полиција пронајде украдени слики од Реноар, Сезан и Матис (ВИДЕО)

Италијанската полиција пронајде украдени слики од Реноар, Сезан и Матис (ВИДЕО)

Италијанската полиција пронајде три украдени слики од познатите француски сликари Реноар, Сезан и Матис, чија вкупна вредност е проценета на над девет милиони евра. Делата беа украдени во март годинава од приватна колекција во близина на италијанскиот град Парма.

Според соопштението на италијанските карабинери, сликите беа откриени за време на претреси на неколку куќи, изврешени по наредба на Јавното обвинителство.

Повеќе детали за случајот не се соопштени, бидејќи истрагата е сè уште во тек.

Кражбата се случила ноќта помеѓу 22 и 23 март во Фондацијата „Мањани Рока“, на околу 20 километри од Парма. Четири маскирани крадци ја отвориле влезната врата на објектот и одзеле три уметнички дела од „Француската соба“.

Според локалните медиуми, на крадците им биле потребни вкупно 180 секунди или три минути за за да ги украдат сликите. Безбедносен аларм наводно го прекинале грабежот, по што крадците избегале преку градината на комплексот.

Така, тие успеаја да ги украдат „Les possons“ (1917) од Огист Реноар, „Nature morte aux cerises“ (1885-1887) од Пол Сезан и „L’odalisque sur la terasse“ (1922) од Анри Матис.

Властите ја проценуваат вредноста на делото на Сезан на шест милиони евра, на Реноар на три милиони, а на Матис на 20.000 евра.

Фондацијата „Мањани Рока“ е основана во 1977 година со цел да управува со уметничката колекција на историчарот на уметност Луиџи Мањани (1906–1984), која, меѓу другите, вклучува и дела од Дирер, Рубенс, Ван Дајк, Гоја, Моне и Џорџо Моранди.

Според локалните медиуми, постои сомнева дека зад кражбата стои добро организирана и структурирана банда.

ПредходнаИзбор за најгрдо куче на светот: Шампион мопсот Џини Лу (ВИДЕО)