дома Магазин Мадона со хеликоптери пристигнала на Метеори, па направила нешто неочекувано: Побарала духовни...

Мадона со хеликоптери пристигнала на Метеори, па направила нешто неочекувано: Побарала духовни совети

Кралицата на поп музиката Мадона била во посета на манастирот Варлам на Метеори во Грција, каде што поминала околу три часа и од игуменот на манастирот, отец Венедикт, побарала духовни совети.

Мадона во петокот пристигнала на Метеори од грчкиот остров Крф, каде што престојува на одмор, во друштво на својот син и уште околу 12 лица, а според информациите на грчките медиуми, групата пристигнала со два хеликоптери, пренесе „Прототема“.

 

Во манастирот Варлам, кој во времето на нејзината посета веќе бил затворен за јавноста, Мадона ја пречекале монасите и специјално го отвориле комплексот за нејзиниот престој.

Пејачката поминала околу три часа на Метеори, од 16 до 19 часот по локално време, а манастирот го разгледала во придружба на двајца водичи.

Мадона, според наводите на грчките медиуми, била многу срдечна, но настојувала нејзината посета да помине дискретно и без големо внимание од јавноста.

На фотографиите од посетата може да се види облечена во бело.

 

Посебен дел од посетата била средбата со игуменот на манастирот Варлам, отец Венедикт, која, според зборовите на еден од монасите, имала изразено личен и духовен карактер.

За време на разговорот со 49-годишниот игумен, Мадона покажала особен интерес за прашањата поврзани со духовноста и побарала од него „духовни совети“.

 

Според зборовите на истиот монах, пејачката го прашала игуменот и за бројаницата што ја држел во раката.

По посетата на Метеори, Мадона се вратила на Крф, каде што го продолжува својот одмор во Грција.

 

Предходна(Фото+видео) Илјадници луѓе се збогуваат со непрежалената Бони Тајлер, улиците се буквално преполни
СледнаХејден Панетиер ден пред смртта патувала со партнерот кој физички ја злоставуваше и беше во затвор за семејно насилство