дома Македонија Црна хроника Екс-градоначалникот Коневски е инвеститор на зградата каде што утрово загина работник

Екс-градоначалникот Коневски е инвеститор на зградата каде што утрово загина работник

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата

Еден градежен работник загинал, а тројца се повредени во утринската несреќа на градилиште во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ на темели дошло до затрупување со земја.

Во несреќата биле затрупани четворица работници. Тројца од нив се извлечени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Еден од работниците бил пронајден без знаци на живот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

МВР потврди – еден загинат, тројца повредени во несреќата во Кисела Вода

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

ПредходнаПрес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче (во живо)
СледнаАпсења на нови осомничени во докторската афера за нелегални ботокси и филери