дома Култура Јубилејно 10-то издание на Today it’s all about jazz на 30 април...

Јубилејно 10-то издание на Today it’s all about jazz на 30 април во Скопје

Скопје веќе десет години дише во ист такт со светската џез сцена. Оваа година се одбележува првиот голем јубилеј на фестивалот TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ – настан кој го претвори Меѓународниот ден на џезот во најголемиот целодневен музички собир во срцето на градот.

На 30 април, Паркот „Ибни Пајко“ повторно станува епицентар на слободниот дух.

Публиката ќе има можност да присуствува на десеттото издание со следната програма:

12:00 | JAZZ FOR KIDS (Парк Фредерик Шопен – Кисела Вода)
16:00 | NEXT TO SILENCE (MK)
17:00 | PEACH VICE (MK)
18:00 | ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG)
19:00 | JACO LIVES!
Национален џез оркестар & Dane Alderson (MK/AU)
Jaco Pastorius Tribute | Диригент: Sigi Feigl (AT)
20:00 | ЛЕБ И СОЛ (MK)

„Џезот не е само музика, џезот е начин на живот, начин на постоење и начин на размислување.“ – Нина Симон

По иницијатива на Херби Хенкок, во 2011 година UNESCO го прогласи 30 април за Меѓународен ден на џезот. Денес, повеќе од 190 земји се обединуваат во оваа глобална прослава, препознавајќи го џезот како уметност што поврзува, обединува и создава простор за слобода и дијалог.

Со TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ, Скопје повторно станува дел од глобалната мрежа на градови кои го слават џезот.

Влезот на настанот е слободен.

ПредходнаАвтобусите во Скопје со зимски возен ред, изменети траси на повеќе линии
СледнаУапсени две лица-администратори на нелегален онлајн пазар во Голема Речица