Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс е обвинета за предизвикување инцидент со управување моторно возило под дејство на алкохол и дрога, за што е уапсена, соопшти денес канцеларијата на окружниот обвинител на Калифорнија.

„44-годишната американска пејачка е обвинета за возење под комбинирано дејство на алкохол и најмалку една наркотична супстанца“, објави Скај њуз.
На Бритни Спирс ќе ѝ биде понудено признавање на вина за помало обвинение – несовесно возење под дејство на алкохол и/или дрога, што е вообичаено решение за луѓето кои покажале подготвеност да се подложат на третман за зависност.
Претставникот на пејачката претходно овој месец изјави дека Бритни Спирс доброволно се пријавила во центар за рехабилитација и нема да мора да присуствува на судското рочиште закажано за понеделник, но нејзините адвокати би можеле да се појават наместо неа.
На 4 март, таа беше запрена и уапсена за пребрзо возење во нејзиното црно БМВ.




