дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Абази

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Абази

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од шефот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Ислам Абази откако вчера Обвинителството соопшти дека поради недостиг на докази ја соприра истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска повторно на прес-конференција се осврна на овој случај посочувајќи дека Абази одлучил да го запре овој случај и дека неговата одлука е доказ за големото влијание што го имаат Венко Филипче и Зоран Заев кај добар дел од обвинителството и судството.

– Ислам Абази тврди дека не вршел никакво влијание врз никој обвинител да се донесе ваква одлука за запирање на гонењето на овој сомнеж за криминал од 167 милиони евра. Ислам Абази лаже, затоа што како шеф на ЈО ГОКК, надлежен е еднаш неделно да добива брифинг од подредениот обвинител, за ваквите крупни случаи, а исто така овластен е доколку некој понизок обвинител реши дека не сака, или смета, дека нема основ ваков случај да се води, Ислам Абази може да одлучи, случајот да продолжи да се гони, или да го предаде во надлежност на друг обвинител. Наместо да го направи тоа, Ислам Абази, дал согласност овој тежок 167 милиони евра случај да се затвори, и наместо да биде обвинител којшто ќе гони организиран криминал и корупција, Ислам Абази си ја препишал улогата на судија, да го затвори случајот, пред истиот да влезе во судските процедури, рече Милошоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Абази ја донел одлуката за затворање на овој случај врз основа на лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи

ПредходнаНиколовски: Монтиран случај за да се скријат вистинските проблеми
Следна„Бајки од Македонија“ влегува како редовна лектира кај основците