Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција ќе ги обелодени резултатите од работата на странската комисија која ги истражуваше кардиолошките и кардиохируршки интервенции по сомневањата дека во приватни болници биле правени непотребни интервенции кај пациенти со цел да профитираат.
Случајот во јавноста го откри кардиологот Сашко Кедев во гостување на Канал 77 посочувајќи дека кај пациенти кои биле на контрола било увидено дека не им била потребна интервенција што била направена во приватна болница.
По овие сомневања, министерот за здравство Азир Алиу меѓу другото најави и формирање на комисија од тројца странски експерти.




