дома Локално Дожд и ветер, пообилни врнежи во западните и југозападните делови

Дожд и ветер, пообилни врнежи во западните и југозападните делови

Облачно и нестабилно време со локален пороен дожд не очекува денес. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и југозападните делови каде се очекува да наврнат над 20 l/m². Ќе дува засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).

ПредходнаФилипче: Прегледувам пациенти секој ден, а еднаш неделно влегувам во операциона сала
СледнаКако би можела да изгледа американската воена акција против Куба?