Идејата беше да се исчисти дното кај автокампот „Градиште“, а притоа да се направи побезбеден овој препознатлив локалитет, со тоа што ќе се извадат десетици предмети и шишиња, кои се испофрлани во водите, пренесе Слободен Печат.








По акцијата, нуркачкиот центар „Амфора“ го покажа „уловот“.


„Успешна еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад! Заедно отстранивме големо количество отпад од дното на езерото и уште еднаш покажавме дека регионалната соработка може да направи вистинска разлика за природата и идните генерации“, соопштија од „Амфора“, организатор на акцијата.


СП





