дома Македонија Политика Мицкоски: Не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија

Мицкоски: Не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија

Мицкоски: Не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија

  Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера, ниту сме пледирале, да се мешаме во внатрешните и независни политики на која било држава – посочи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Ѓорче Петров коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на македонската Влада, Мицкоски, денеска го осуди и однесувањето на опозициската партија Демократска унија за интеграција, која, како што рече, 20 години не успеала да го реши проблемот на студентите што деновиве протестираа за полагање правосуден испит на албански јазик.

– Јас секогаш поддржувам протести како демократско право, но мене лично ми пречи тоа што протестантите, кои се правници и кои се борат за право, токму тие го прекршуваат законот, како што се Законот за знамињата или Законот за државната химна, Уставот и така натаму. Навредите нема да ги коментирам затоа што тоа е домашно воспитување кое се стекнува во првите седум години од животот, нема да го коментирам насилниот инцидент, а нема да ги коментирам ниту надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија на некои надворешни фактори и тоа ќе го сметаме за фолклор – рече Мицкоски.

Но, тоа што во моментот ние како Влада го работиме, додаде тој, е да се обезбеди трајно решение со кое овој, но и низа други проблеми што ги наследивме од минатото, треба да бидат решени.

На новинарско прашање за кометар во врска со најавениот митинг за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово, премиерот Мицкоски одговори дека не поддржува надворешно мешање во внатрешните работи на Македонија.

– Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера, ниту сме пледирале, да се мешаме во внатрешните и независни политики на која било држава – нагласи Мицкоски.

ПредходнаМолк во Кабинетот на претседателката за наводната афера со шпионажа, Мицкоски вели тоа се шпионски талог и глодари од минатото
СледнаФилипче: Првиот чекор е јасен – уставни измени, имаме конкретен предлог од сите членки на ЕУ