Форд дефинитивно не е во силна позиција во Европа, бидејќи во текот на изминатите неколку години гамата на брендот е значително намалена.

Со прекинувањето на производството на Fiesta, Focus и Mondeo, се очекуваше дека ќе се отвори празнина, но таа не беше веднаш пополнета. Но, сега Американците имаат смел план.
И вклучува лансирање на пет нови автомобили до 2029 година. Тие ќе бидат во сегментите Б и Ц и ќе се обидат да ја вратат довербата на европските потрошувачи.
Според „Аутокар“, еден од моделите ќе биде SUV инспириран од „Бронко“. Вториот ќе биде мал електричен хечбек кој теоретски би можел да го оживее името „Фиеста“. Додека третиот ќе биде кросовер кој ќе се вози на платформата на „Рено“.
Другите два модели се познати само како кросовери. Шефот на „Форд Европа“, Џим Баумбик, тврди дека брендот не само што не го отпишал европскиот пазар, туку игра за да го освои.




