дома Македонија Мицкоски очекува Вишото обвинителство правилно да постапи по жалбата на ЕСМ за...

Мицкоски очекува Вишото обвинителство правилно да постапи по жалбата на ЕСМ за мазутот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Вишото јавно обвинителство да постапи по жалбата поднесена од ЕСМ во однос на одлуката на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција да ја стопира истрагата за набавката на мазут во ТЕЦ Неготино.

– ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО – Гоок. Очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа што е содржано во жалбата, изјави Мицкоски од Охрид.

Случајот со набавката на мазут повторно ја разбранува јавноста откако Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека ја прекинува истрагата поради немање докази.

Во случајот беа осомничени 13 лица меѓу кои и синот на сопственикот на Пуцко Петрол и поранешниот директор на спортската сала Борис Трајковски и бизнисмен Ратко Капушевски.

 

ПредходнаМинистерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
СледнаПроменливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд