Постигнат е напредок во разговорите за меморандумот за разбирање со САД, но тоа не значи дека сме блиску до склучување мировен договор, соопшти Министерството за надворешни работи на Иран.
Според иранското Министерство за надворешни работи, постигната е согласност за многу од темите.
Портпаролот Есмаел Багаи изјави дека Иран преговара за прекин на војната, но засега не се разговара за нуклеарни прашања.
Меморандумот од 14 точки, вели Багаи, е фокусиран на прекин на војната и на завршување на американската поморска блокада. Иран, пак, треба да преземе мерки за безбедно поминување низ Ормускиот теснец.
Ако меморандумот биде усогласен, деталите од него, како и темата за нуклеарната програма ќе бидат разгледанувани во текот на преговорите кои бо траеле до 60 дена.




