
Бројот на жртви на Филипините расте откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер го погоди еден од јужните острови на земјата.
Според Ројтерс, нема веднаш детали за пријавените смртни случаи, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го погоди Минданао на југот на Филипините.
Земјотресот бил на длабочина од 10 км, соопшти GFZ. Геофизички агенции на Филипините и соседна Индонезија издадоа предупредувања за цунами.

Бројот на жртви во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините се искачи на 15, соопшти филипинската Канцеларија за цивилна заштита.
Според Родриго Сосмења, директор на локалната канцеларија за цивилна заштита, дури 12 смртни случаи биле регистрирани во регионот Соцсксарген, кој ги опфаќа провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани и градот Генерал Сантос.
Сосмења додаде дека најмалку 129 лица се повредени во регионот, додека спасувачките и службите за итни случаи продолжуваат да ја проценуваат големината на штетата и да бараат можни жртви.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди јужниот брег на Филипините, предизвикувајќи предупредувања за цунами и серија силни потреси. Властите апелираат до населението на будност додека продолжуваат спасувачките операции и се проценуваат последиците од една од најсилните природни катастрофи што го погодиле тој дел од земјата во последните години.
Мали цунами бранови се регистрирани на шест локации на филипинскиот остров Минданао откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди јужниот брег на земјата, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs).
Засегнатите области се главно по должината на јужниот брег на Минданао. Брановите се регистрирани помеѓу 7:42 и 8:45 часот наутро по локално време, при што највисокиот измерен бран достигнал висина од 1,4 метри.
И покрај фактот дека во моментов нема извештаи за поголеми штети предизвикани од цунами брановите, филипинските власти го задржаа предупредувањето за цунами и продолжуваат да ја следат ситуацијата во крајбрежните области.
Во меѓувреме, Фиволкс изјави дека вкупно 138 последователни потреси се регистрирани до 11 часот наутро по локално време по главниот земјотрес со јачина од 7,8 степени што го погоди јужниот брег на Филипините.
Јачината на последователните потреси се движеше од 1,3 до 6,7 степени според Рихтеровата скала.
Експертите предупредуваат дека последователните потреси се честа појава по вакви силни сеизмички настани и апелираат до населението да биде внимателно и да ги следи официјалните предупредувања.




