Противпожарниот сојуз на Град Скопје традиционално и годинава ќе ја реализира кампањата за заштита од пожари во шумите и другите отворени површини.
На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје ќе бидат делени флаери со едукативна содржина за пожарите на отворен простор.

Кампањата се реализира во соработка со општинските противпожарни сојузи од Град Скопје и Национални шуми.



