Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно“ на Телма телевизија најави зголемување на владиното мнозинство со уште една партија од опозицијата, односно со Турската Демократска Партија која има пратеник во Собранието, и како што појасни партијата влегува како дел од коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе ги информирам членовите на Извршниот комитет дека во полн ек се преговорите со Турската Демократска Партија да биде дел од владината коалиција, односно да бидам уште подиректен, да биде дел од коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголем партнер во рамките во владината коалиција“, нагласи премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека со приклучувањето на турската демократска партија владиното мнозинство се зголемува со уште еден пратеник кој претходно беше во опозицијата во рамките на Европскиот фронт, со ДУИ.





