дома Свет Балкан 20 лица уапсени во Грција за палење за пет дена

20 лица уапсени во Грција за палење за пет дена

 Во првите пет дена од јули, во Грција се уапсени 20 лица за палење од небрежност, што претставува повеќе од десет проценти од апсењата за палење, од вкупниот број на вакви апсења од почетокот на годината, објави синоќа грчката противпожарна служба.

Заедно со апсењата, издадени се и 20 административни казни, во вкупен износ од 55.005 евра, објавува „Катимерини“.
Противпожарната служба објави дека од почетокот на годината се извршени вкупно 164 апсења за палење.
Апсењата се однесуваат на пожари предизвикани од работа со отворен пламен, користење алатки што произведуваат искри, земјоделска механизација, палење вегетација и остатоци од култури, како и други небрежни дејствија што се извршени со кршење на важечките прописи и во услови на зголемен ризик од појава и ширење на пожар.
Во соопштението се наведува дека се истражени причините за пожарите на Халкидики, во Фаркадона, Трикала, Аталанта, Солун, Гумениса, Гревена, Кукуш и Ореокастрос, каде што истражните служби веднаш започнаа со идентификување на сторителите и спроведоа итна постапка, по што сторителите беа уапсени.

ПредходнаПонеделнички хороскоп: Денот на еден знак ќе биде исполнет со е-пошта и повици
СледнаБројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 9, а повредените на 46