дома Локално Четврток и петок ќе се прска против комарци

Четврток и петок ќе се прска против комарци

Град Скопје во четврток и петок ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни комарци.
Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови..
        Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатите месеци биле реализирани повеќе третмани против ларвите и возрасните комарци. Дезинсекцијата против ларви била спроведена со авионски третмани на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, како и со теренски третмани на 26 јуни и 23 јули.
Во рамки на мерките против возрасни комарци, биле извршени авионски дезинсекции на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека теренски третмани биле реализирани на 18 и 20 јуни, како и на 13 и 15 јули

ПредходнаИран повторно ја предупредува Бугарија за американските авиони
СледнаНов удар по џебот на граѓаните – поскапо парно од 1 август