дома Македонија Два пожари во валандовско, дејствуваат ер тракторите

Два пожари во валандовско, дејствуваат ер тракторите

Валандово попладнево се соочи со два пожари – едниот во атарот на селото Удово којшто е изгаснат и вториот кај локалната депонија кој од ветерот се проширил и на ниската вегетација.

        По барање на валандовскиот градоначалник, на терен се испратени два ер трактора со што, според информациите на Дирекцјата за заштита и спасување, воспоставена е делумна контрола, но се уште е активен еден крак.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов денеска упати апел до граѓаните да бидат крајни внимателни во следните денови поради високите температури бидејќи една искра може да биде причина за катастрофален пожар.

ПредходнаУште не се знае од каде истече пената во Вардар, првичните резултати во граници на дозволеното
СледнаБожиновска: Македонија има потенцијал да стане дел од идната европска водородна инфраструктура