Некогаш еден од најхаризматичните и највлијателните лидери во ЕУ, шпанскиот премиер Педро Санчез сега, како последица на мигрантската криза во Саута, стана отпадник во блокот.

„Лидерите на ЕУ го истурија бесот врз Мадрид откако десетици илјади мигранти преминаа од Мароко на шпанската територија Сеута минатата недела, оставајќи најмалку 72 мртви. Иако повеќето од околу 60.000 мигранти што упаднаа во Сеута до синоќа се вратија во Мароко и нема нови упади по копно, кризата е далеку од завршена“, оценува бриселскиот портал „Политико“.
Претходните денови, 22 лидери на земји членки на ЕУ потпишаа писмо во кое се критикува миграциската политика на Шпанија и се оценува дека таа ја поткопува безбедноста на Унијата.
Естонскиот премиер Кристен Михал изјави дека со своите политики за амнестија Мадрид создал услови за „стимулирање“ на илегалната миграција. „Европа не може да дозволи илегален влез во Европската Унија во голем обем“, оцени Михал.
Санчез на писмото на своите колеги возврати со свое писмо оценувјќи дека „недостигот на солидарност на блокот претставува себичност“, посочувајќи дека Италија и Грција дозволиле влез на повеќе нерегуларни мигранти во ЕУ отколку Шпанија.
Мигрантската криза во Сеута ќе е тема на утрешниот онлајн состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ. Според италијанскиот весник „Република“, Рим има намера да изврши притисок врз министрите за забрзаување на активностите за отворање на центри за враќање на мигранти надвор од теритријата на ЕУ.
Лидерката на пратеничката група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент, Шпанката Ираче Гарсија, оцени дека е „особено жално“ што „умерените“ партии и лидери „се обидоа да ја искористат ситуацијата за политички профит“ и не покажаа солидарност со Шпанија.
Брисел стои на дистанца

Претставници на Европската комисија нагласија дека институцијата е во контакт со Мадрид „на сите нивоа, и техничко и политичко“. Но, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен не отпатува во Шпанија, ниту соопшти дали разговарала со Санчез околу состојбата, туку само издаде соопштение во кое хаотичните сцени во Сеута ги оцени каки „неприфатливи“.
„Политико“ наведува дека Шпанија не е првата европска земја што презема мерки за регулирање на мигрантите. Тоа претходно го направи и Португалија без толкав „огромен отпор“ од ЕУ, иако оттогаш Унијата ги заостри своите мигрантски правила.
„Но, обемот на реакцијата на Сеута покажува колку се исцрпено трпението на Европа кон Санчез. Фрустрацијата на лидерите се зголеми долго пред првите мигранти да допливаат до бреговите на Сеута и тоа не само во врска со миграцијата. Санчез ги разбесни лидерите од десноцентристичките и левоцентристичките партии во Советот на ЕУ со одложување на зголемувањето на трошоците за одбраната и со заземањето помек став кон Кина“, оценува порталот.
Лидерите на челенките на ЕУ особено ги иритира тоа што Шпанија одвојува помалку за одбраната од договореното. Говорејќи на панел на овогодишната Минхенска безбедносна конференција заедно со лидерите на Дански и Финска, Санчез повика на „морално“ вооружување, а не на нуклеарно, и го бранеше одбивањето на Шпанија да ја исполни целта на НАТО за одвојување за одбраната на средства на ниво од пет проценти од БДП до 2035 година..
Намалувањето на влијанието на Санчез ги остава социјалдемократите со уште помала моќ во рамки на Советот. Двајцата останати социјалдемократски лидери – премиерите на Данска и Малта – се меѓу 22-цата потписници на „антишанското“ писмо.
„Во момент кога владите вообичаено би ги збиле редовите и би покажале солидарност, членките на ЕУ посочија со прстите кон Мадрид, покажувајќи колку многу е падната ѕвездата на Санчез“, заклучува „Политико“.




