Гостиварци остануваат само со вода за техничка употреба. Водата се уште не е за пиење бидејќи во неа има бактерија.

– Постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Дневниот билтен на Министерството за здравство покажува дека во изминатото деноноќие имало 84 нови прегледи во здравствените установи во Гостивар што е за 27 прегледи повеќе во однос на претходниот ден, но сепак според ресорното Министерство состојбата е стабилна бидејќи бројот на прегледи е значително понизок од пикот на 18 јули кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.




