На седумдесет и тригодишна државјанка од Словенија од саботата и се губи трагата откако влегла во земјава на Табановце.

Полицијата денеска информира дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
– На 02.08.2026 во 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека К.К.(7 3 ) од Република Словенија на 01.08.2026 остварила влез во државата преку граничниот премин Табановце и од тогаш не била достапна на телефонските повици, информира полицијата во денешниот билтен.




