Apple соопшти дека накратко ја отстранила апликацијата за пораки Telegram од својата App Store откако прегледот открил содржина што ги крши упатствата на компанијата и е поврзана со материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Компанијата соопшти дека апликацијата е вратена откако нејзиниот развивач веднаш ја отстранил содржината и го блокирал корисникот што ја објавил, објави Ројтерс.
Портпаролот на Apple не одговорил на барањето за дополнителен коментар за прекршувањето на политиката, а Telegram не одговорил на барањето за коментар.




