дома Технологии „Спектакуларното видео“ од падот на ракетата на SpaceX на Месечината било анимација

„Спектакуларното видео“ од падот на ракетата на SpaceX на Месечината било анимација

Падот на дел од ракетата на SpaceX на Месечината на почетокот на месецов беше топ вест по медиумите. По ова се појавија фотографии од местото на падот пред и потоа, а на социјалните мрежи кружи спектакуларно видео за кое тврди дека го прикажува самиот пад. Сепак, според неколку експерти, тоа не е автентична снимка , туку анимација.

Дел од ракетата на вселенската компанија на Елон Маск, се урна во Месечината со брзина од 8.700 километри на час, откако предтходно година и половина лебдеше низ Вселената.

На социјалните мрежи се појавија импресивни слики кои наводно го покажуваат ударот, што ги пренесоа и голем број медиуми, а видеото од „падот“ на ТикТок веќе е прегледан повеќе од 700.000 пати.

Сепак, со помош на алатката Google Lens, која пребарува слики користејќи снимка од видеото за да провери каде на друго место се појавува записот, утврдено е дека тој е објавен на 12 март на страница Moon Watchers Club на Фејсбук. Таму има идентично видео, со мали прилагодувања. Сликата е одзумирана и целокупната нијанса на видеото е повеќе сина.

Во краткиот опис на страницата, пишува „инспирирано од реални настани“. Инспирирано од реални настани, сепак значи дека не ја претстава реалноста.

 Затоа е невозможно видео објавено на 12 март да го прикажува падот на ракетата на SpaceX на 4 август.

Постојат прилично заматени слики од пред и потоа од падот, направени од јужнокорејски сателит што орбитира околу Месечината, но е познато дека има видео снимки од самиот настан.Според експертите, сателитите што ја мапираат Месечината не снимаат слики со доволно голема брзина и острина за да можат да снимат видео што покажува брзо движење.

Неколку елементи во самото видео објавено на ТикТок, исто така, укажуваат дека снимата не е вистинско. Имено, вториот дел од ракетата „Фалкон 9“, долг приближно 14 метри, е премногу јасно видлив во видеото, а според експертите, тој е „толку мал“ и не може да се гледа толку јасно.

Се забележува и дека осветленоста на видеото е претерана, а и густиот облак од прашина што се гледа на снимката не одговара на реалноста, бидејќи тој е практично невидлив.

Инаку, видеото на Икс го објави и Маск, но по реакциите појасни дека снимките се лажни.

ПредходнаНова туристичка атракција во Полска: 55-метарска статуа на Богородица во село со едвај 150 жители (ВИДЕО)
СледнаИран нуди 30.000 долари награда за убиен или заробен американски војник!?