
Историски ниското ниво на водата во реката Рајна предизвикаа прекини во снабдувањето со горива во источна Франција, оставајќи многу бензински станици без најмалку еден вид гориво.
Топлиот бран предизвика реката да се спушти толку ниско ниво што бродовите не можат да стигнат до пристаништето во Стразбур, загрозувајќи го клучниот пат за поврзување на морските пристаништа и рафинериите во тој дел на Европа.
Официјалните податоци од веб-страницата на француската Влада за следење на цените на горивата покажаа дека 18 проценти од бензинските станици во регионот Гранд Ест имааt проблеми со снабдувањето.
Најпогодени се регионите Алзас и Вогес. Во департманите Горна Рајна и соседната Белфорт, помеѓу 25 и 50 проценти од станиците имаа проблеми, при што недостигот на бензин беше поголем од недостигот на дизел.
Директор за развој на Француската управа за водни патишта од Стразбур, Жан-Лорен Кистлер, изјави дека танкерите сега носат само 350 тони гориво. За споредба, во нормални околности тие превезуваат повеќе од 1.500 тони.
„Слични прекини се случија и во 2018 и во 2023 година, но не во овој обем. Недостатокот на врнежи започна многу рано оваа година. Овие услови обично се јавуваат во септември, а не во јули“, додаде Кистлер.
Иако дождот се очекува на почетокот на следната недела, властите не предвидуваат значително подобрување на состојбат. Тие предвидуваат дека Рајна ќе се покачи само за околу дваесет сантиметри, по што се очекува понатамошно опаѓање.




