дома Македонија Во костими за капење качени на црквата Св Никола во Маврово

Во костими за капење качени на црквата Св Никола во Маврово

На социјалните мрежи се споделени видеа и фотографии од млади луѓе облечени во костими за капење како се качуваат на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово.

                     Во објавата се бара од градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, полицијата и останатите надлежни институции итно да се изврши увид на лице место и да се преземат мерки.

– Фотографиите се објавени со цел да се алармира јавноста и надлежните институции, а не за навредување на било кој турист, се вели во објавата.

Се посочува дека не е проблемот што доаѓаат туристи од Германија, Холандија или од која било друга земја, туку дека секој мора да го почитува местото што го посетува.

– Туристите се добредојдени. Но, секој посетител, без разлика од каде доаѓа, мора да го почитува местото што го посетува, неговата вера, култура, традиција и правила. Она што е особено загрижувачко е што ваквото однесување може да доведе и до оштетување на самиот објект, стои во објавата

ПредходнаОд музеј во Италија украдени четири слики од ренесансниот сликар Де Месина
СледнаТепачка во Кочани, приведени четири лица