дома Македонија Тепачка во Кочани, приведени четири лица

Тепачка во Кочани, приведени четири лица

Физичка пресметка меѓу шест лица вчера настанала во Кочани по што во попладневните часови приведени се четири лица.

– Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица, објави Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека во целосното расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.

ПредходнаВо костими за капење качени на црквата Св Никола во Маврово